Манчестер Јунајтед со 4-0 беше подобар од Сабах, Баерн Минхен со 5-0 го совлада Бодо/Глимт, Комо со 4-1 славеше над Лајпциг во нивниот прв настап во Лигата на шампионите.
Отпорот на Сабах траеше само до 27. минута кога Куња даде гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.
До крајот на првото полувреме голови дадоа и Фернандеш и Шешко за веќе убедливи 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Лисандро Мартинез по една комична реакција на гостинскиот голман во 68. минута.
Баерн Минхен беше уште поубедлив, со 5-0 славеше над Бодо/Глимт, сите пет голови беа постигнати во второто полувреме.
Мусиала, Кејн и Дејвис постигнаа по еден гол, Олисе ги даде последните два.
Комо, своето прво, историско учество во Лигата на шампионите го зачини со победа од 4-1 над Лајпциг.
Првиот погодок во историјата на мечевите од ЛШ за Комо го постигна Хрватот Батурина кој во 15. минута донесе водство од 1-0.
До крајот на првиот дел гол даде и Довикас за предност од 2-0 за Комо.
По девет минути игра во вториот дел Диао зголеми на 3-0, а четири минути подоцна Максимовиќ намали на 3-1.
Но, тоа не беше се, во судиското продолжение точка на мечот стави Пероне за конечни 4-1.
Ленс беше единствениот гостин кој денеска победи, францускиот тим со 3-2 славеа кај Славија Прага.
Претходно во денот Фенербахче и Рома одиграа 1-1, исто како и ПСВ и Шахтар.