Легендарната „десетка“ на Модриќ ќе добие нов сопственик во Реал Мадрид

by riste
0 минути читање

Лука Модриќ по крајот на Светското клупско првенство ќе потпише за Милан, со неговото заминување ќе се ослободи и бројот 10.

Според „Марка“, бројот 10 ќе го добие Килијан Мбапе, клубот смета дека со тоа дополнително ќе се подобри имиџот на француската ѕвезда.

Мбапе имаше одлична сезона постигнувајќи 31 гол во Ла Лига и вкупно 43 во 56 настапи во сите натпреварувања.

Но и покрај ваквиот индивидуален успех на Мбапе, Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×