Фудбалерите на Челси се радуваа на победа во Конференциската лига со 1-2 беа подобри од Копенхаген, па така со предност ќе го дочекаат реваншот на свој терен.
Се држеше домашниот состав, но отпорот го скрши Рис Џејмс со погодокот во 47. минута. Набрзо потоа Енцо Фернандез зголеми на 0-2, додека конечните 1-2 беа поставени од Габриел Переира на десетина минути пред крајот.
Изненадување е поразот на Фиорентина на гости кај Панатинаикос од 3-2. Првото полувреме на оваа средба понуди големи возбудувања и видовме по два гола на двете страни. Херој за домашниот состав беше Тете кој погоди во 80. минута.
Ефикасно беше и на преостанатите две средби во кои Молде исто така со 3-2 славеше над Легија, а Бетис и Виторија Гимараеш одиграа 2-2.