10
Иднината на Нико Паз треба да биде решена брзо, Реал Мадрид ќе го врати назад, но нема да го задржи, ќе го продаде повторно, а Комо е прв на кого му е понуден.
Реал Мадрид ја активираше клаузулата во договорот со Комо за откуп на Нико Паз. Кралскиот клуб си го зема фудбалерот назад за девет милиони евра.
Во моментов се водат разговори меѓу Реал Мадрид и Комо, се верува дека италијанскиот клуб може да го откупи за 60 милиони евра.
Комо има рок да одговори до понеделник, а потоа Реал Мадрид ќе почне да го нуди Нико Паз на други клубови.