Џака не падна на провокација, знаме на Србија требаше да го деконцентрира пред пеналот против Колумбија (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Гранит Џака остана целосно рамнодушен на обидот за провокација пред да го изведе својот пенал во драматичната победа на Швајцарија над Колумбија во осминафиналето на Светското првенство.

Капитенот на Швајцарија прв ја презеде одговорноста во пенал серијата, а пред да шутира дел од колумбиските навивачи зад голот сакаа да го испровоцираат со српско знаме.

Не е првпат швајцарскиот репрезентативец да биде во центарот на вакви ситуации. Неговите родители се Албанци од Косово, а односот со српските навивачи е нарушен уште од Светското првенство во 2018 година, кога по голот против Србија прослави со гестот на двоглавиот орел. И четири години подоцна, на Мундијалот во Катар, повторно беше една од главните фигури во тензичниот дуел меѓу двете репрезентации.

Швајцарците обезбедија место меѓу осумте најдобри селекции откако по 120 минути без голови славеа со 4-3 на пенали, а во четвртфиналето ги очекува пресметка со Аргентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×