Френки Де Јонг ја откри причината поради која ќе биде надвор од терените во наредните месеци, признавајќи дека настапувал со болки и покрај предупредувањата дека повредата може да се влоши.
Ѕвездата на Барселона преку социјалните мрежи соопшти дека го повредил коленото за време на Светското првенство, но тогашните лекарски проценки биле дека не станува збор за сериозен проблем и дека може да продолжи да игра.
„За време на Мундијалот, го повредив моето колено. Докторите ми кажаа дека имам мала повреда и нема да има посериозни проблеми ако играм. Сепак, морав да играм со болка. Кога се вратив во Барселона и имав дополнителни прегледи се покажа дека повредата е посериозна од што мислевме. За среќа, во моментов нема да треба да правам операција“, изјави Де Јонг.
По дополнителните прегледи во Барселона било утврдено дека повредата е многу посериозна од првичните проценки, па холандскиот репрезентативец го очекува пауза до шест месеци. Добрата вест за него е што засега нема да биде потребен хируршки зафат.