Италијански новинар откри што му кажал Малдини: Враќање Милан под мои услови или ништо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендата на Милан, Паоло Малдини, засега не размислува за работа во ниту еден друг клуб освен во „росонерите“. Иако во последниот период се поврзуваше со преселба во турскиот Фенербахче, италијанскиот новинар Маурицио Пистоки тврди дека добил јасен одговор од поранешниот капитен.

Пред неколку дена се сретнав со Паоло Малдини и го прашав дали веќе купил куќа на Босфорот. Ми одговори: „Да не се шегуваме. Или ќе се вратам во Милан, под мои услови, или ништо“, откри Пистоки.

Малдини беше еден од клучните луѓе во спортскиот сектор на Милан од 2019 година и имаше значајна улога во создавањето на тимот кој ја освои титулата во Серија А во сезоната 2021/22. Сепак, поради несогласувањата со сопственикот Џери Кардинале, ја напушти функцијата и оттогаш е без нов ангажман.

Во последните денови се споменува дека Малдини ќе добие директорска позиција во репрезентацијата на Италија. Останува да видиме дали ќе ја смени одлуката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×