Хаосот во Париз по победата на ПСЖ зема две жртви!

by riste
1 минути читање

По победата на ПСЖ во Лигата на шампионите, во Париз, но и во други градови од Франција се случуваше вистински хаос кој зема и две жртви.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, две лица се мртви, имало најмалку 192 повредени.

Имало 692 пожари кои вклучуваат 264 запалени автомобили.

Од министерството нема детали кои се загинатите, но француските медиуми пишуваат дека една од жртвите е 17 годишно момче кое било избодено додека ја славело титулата на ПСЖ.

Уапсени се вкупно 559 лица низ цела Франција, од нив 491 лице се во Париз.

Повредени се 22 службени лица вклучувајќи полицајци и пожарникари.

5.400 полицајци биле ангажирани за да ги смират нередите кои се создадоа по победата над ПСЖ.

Ова не е првпат во Париз да се случуваат големи инциденти кога треба да се прославува трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани