Гвардиола не го носи на Светско првенство најскапиот фудбалер во историјата на Сити!

by riste
0 минути читање

Манчестер Сити го објави списокот на фудбалери кои ќе одат на Светското клупско првенство (СКП), а на него нема едно познато лице.

Се работи за Џек Грилиш, најскапиот играч во историјата на Манчестер Сити. За него нема место во составот кој ќе настапи на големиот турнир.

Тој имаше лимитирана минутажа во последната сезона, по што стана јасно дека не е во плановите на Гвардиола.

Клубот ова лето ќе се обиде да го продаде Грилиш за кого се чини веќе нема иднина во Сити.

За разлика од Грилиш, на СКП ќе патуваат трите нови засилувања Рејндерс, Шерки и Аит-Нури.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×