Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски е на прагот на нова европска авантура, откако и официјално стави крај на соработката со Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
По освојувањето на титулата во азиската Лига на шампиони, Алиоски си заминува од клубот и веќе ја разгледува следната дестинација во кариерата, а сѐ поизвесно е дека ќе се врати на Стариот континент.
Според информациите најконкретен интерес за популарниот Џани доаѓа од Швајцарија, земјата во која го направи првиот фудбалски чекор. Лугано е еден од клубовите кој сака да го врати назад во своите редови, и тоа токму во лето кога тимот ќе настапува во Лигата на Европа. Потсетување, од Лугано во 2017 година Алиоски направи трансфер во Лидс јунајтед, откако блесна со одлични партии во швајцарскиот шампионат.
Во кариерата досега настапуваше и за Јанг Бојс, Шафхаузен и турскиот гигант Фенербахче.