Македонската фудбалска репрезентација ги очекуваат последните два натпревари во Лигата на нации за оваа календарска година, против селекциите на Шкотска и Словенија, а селекторот Гоце Седлоски се одлучи на списокот да го нема Бојан Миовски.
Напаѓачот на Ренџерс беше дел од националниот тим на претходниот собир, но овојпат нема да добие повик, иако Македонија ќе гостува токму во Глазгов, градот во кој настапува неговиот клуб.
Седлоски ја образложи својата одлука со малата минутажа на Миовски во изминатиот период, нагласувајќи дека вратите на репрезентацијата за него остануваат отворени.
„Миовски не игра во Ренџерс, погледнете колку минути има од јуни, затоа е изоставен. Сакам да му дадам шанса на Марко Ѓорѓиевски, кој игра во добра форма и го заслужи повикот. Дај Боже, Миовски да почне да игра и да постигнува голови. Вратата за него не е затворена“, порача селекторот.
Доби прашање Седлоски и за Илија Несторовски, искусниот напаѓач на Славен Белупо игра во одлична голгетерска форма во хрватското првенство, каде што по 13 одиграни кола има постигнато седум голови и се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци, сепак тоа не беше доволно да добие повик.
„Несторовски одигра многу натпревари за репрезентацијата. Кажав и претходно дека сакам да подмладувам и да донесам нова енергија, па продолжувам по тој пат“, истакна Седлоски.