83
Со натпреварите изминатата вечер беа комплетирани три групи на Светското првенство и полека се формираат паровите за нокаут фазата, а еден пар е веќе потврден.
Првиот дуел кој сигурно ќе се игра во елиминационата фаза е Канада против Јужна Африка. Исто така речиси сигурно е и дека БиХ ќе игра против САД, постои и сценарио во кое Босанците можат да играат со Германија, но тоа не е реално дека ќе се случи.
Своето место во 1/16 финалето досега го обезбедија: Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, БиХ и Јужна Африка.