Ибра воодушевен од еден Босанец: Играше како стадионот да е негов

by Стефан
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ кој на Светското првенство работи како стручен консултант на „Фокс“, не го криеше воодушевувањето од настапот на 18-годишниот Керим Алајбеговиќ од редовите на БиХ против Катар.

Фудбалерот на Слацбург во 29. минута постигна фантастичен гол кој беше еден од најубавите досега на Мундијалот, но исто така го одигра и цел натпревар на високо ниво, па беше прогласен за играч на мечот.

„Сите зборуваат за голот, но за мене голот не е најважната работа. Најважна е храброста. На 18 години, на Светско првенство, под притисок и пред милиони гледачи, тој играше како стадионот да е негов. Тоа е реткост. Многу млади играчи имаат талент, талент има насекаде. Но талент без личност не значи ништо. Кога го гледам Керим, не гледам само млад фудбалер кој се надева на добар натпревар. Гледам играч кој верува дека е најдобар на теренот“, изјави Ибрахимовиќ.

Алајбеговиќ со погодокот го урна и рекордот на Килијан Мбапе станувајќи најмладиот фудбалер кој постигнал гол надвор од шеснаесетникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×