298
Поранешниот напаѓач на Вардар, Марио Илиевски, беше убедливо најдобар на натпреварот со реализација на првиот и третиот гол за екипата за која настапува, додека беше асистент на вториот погодок во изведба на навратил. Точка на средбата стави Бобан Николов со спектакуларен погодок, тој и му асистираше на својот сонародник при постигнувањето на првиот гол. Очекувано, двајцата Македонци беа и најдобро оценети фудбалери на теренот.
Ова беше голема победа за составот на Кишварда во борбата за опстанок во унгарската елита, каде што по 17 меча има 14 бодови исто колку и последно пласираниот Мезоковеш. Головите и асистенциите на нашите фудбалери може да ги погледнете ТУКА.