Бразил ќе биде значително посилен за последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, откако Карло Анчелоти потврди дека Нејмар е подготвен за враќање на терените.
Бразилската ѕвезда ги пропушти дуелите против Мароко и Хаити поради повреда, но деновиве повторно работеше со остатокот од репрезентацијата и ќе му биде на располагање на селекторот за пресметката со Шкотска.
„Нејмар тренираше навистина добро оваа недела и подготвен е за настап. Многу сме среќни што повторно е со нас бидејќи станува збор за играч со исклучителен квалитет. Може да одигра едно полувреме, но и цел натпревар. Работеше напорно и сега е подготвен. Неговиот пристап е одличен. Добро е расположен и сакаме што побрзо да го вратиме во натпреварувачки ритам. Тој поседува огромно искуство и знаење и секогаш знае како да се снајде на теренот“, изјави Анчелоти.
Од таборот на петкратниот светски шампион пристигна и лоша вест, бидејќи Рафиња нема да настапи поради повреда. Сепак, Анчелоти предупреди дека неговиот тим не смее да ја потцени Шкотска, која ќе бара свои шанси во дуелот што ќе се игра во Мајами.