Познатата бразилска манекенка Сузи Кортез повторно привлече внимание за време на Светското првенство 2026, откако најави нова необична посвета за својот омилен фудбалер Лионел Меси. Иако доаѓа од Бразил, Кортез со години јавно навива за Аргентина и не ја крие својата восхитеност кон Меси. На нејзиното тело веќе има неколку тетоважи посветени на аргентинскиот ас, а сега откри дека подготвува уште една.
„Ги имам овековечено успесите на Меси со тетоважи, но овојпат сакам да направам нешто уште повпечатливо и понезаборавно. Планирам нова тетоважа, и тоа на интимен дел од моето тело, со посвета што ќе го шокира светот“, изјави Кортез.
Манекенката најави дека нема да застане само на тетоважата и дека подготвува дополнителни изненадувања поврзани со настапите на аргентинската репрезентација.
„Не се само тетоважите. Подготвувам и други изненадувања поврзани со натпреварите на Аргентина. Сакам да уживам во фудбалот со страст, креативност и добра атмосфера“, додаде таа.
Кортез и во минатото често привлекуваше внимание со своите јавни изрази на поддршка за Меси, а најновата најава повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.