121
Барселона вчера соопшти дека во август се враќа на Камп Ноу, но стадионот кој се реновира нема да биде готов уште долго.
Враќањето ќе биде за Жоан Гампер мечот, а стадионот за тој дуел ќе биде со капацитет од 60.000 гледачи.
Третото ниво на стадионот ќе биде готово до крајот на сезоната, тогаш Камп Ноу ќе може да почне да прима 90.000 гледачи.
Со завршување на кровот ќе биде комплетирна реконструкцијата, а тоа според планот треба да биде готово летото 2027 година. Тогаш стадионот би имал капацитет од 105.000 гледачи.