100
Евроголот на Езѓан Алиоски против Белгија сосема очекувано се најде меѓу четирите најубави погодоци во најновата квалификациска рунда.
УЕФА и овојпат избра четири мајстории меѓу кои фановите ќе гласаат за најдобриот погодок, а македонскиот репрезентативец како главен конкурент го има Норвежанецот Нуса, кој против Италија постигна вистинско ремек-дело. Во конкуренција за наградата се и Иван Перишиќ со својот погодок против Гибралтар, како и Чесите со Адам Хложек, кој блесна на мечот со Црна Гора.
Својот глас за голот на Џани можете да го дадете на ОВОЈ линк.