Младиот Мајлс Луис-Скели се промовираше како фантастично решение на бековската позиција за Арсенал, а неговиот талент го видоа и најголемите гиганти.
Според „Гардијан“, Реал Мадрид му фрлил око на Луис-Скели и сака да го види на Бернабеу.
Договорот на Луис-Скели со Арсенал истекува во јуни 2026 година и тоа може да биде голем проблем за топчиите.
Доколку Реал Мадрид навистина тргне офанзивно по потписот на младиот фудбалер на Арсенал, тогаш лесно може да се случи и да ја оствари целта.
Арсенал ќе се најде во позиција да бира или да заработи на заминувањето на Луис-Скели ова лето или да го загуби како слобен идното.
Работите ќе зависат и од самиот фудбалер, но малку се оние кои одолеале кога клубови како Реал Мадрид и Барселона ќе тропнат на нивната врата.