Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски за турските медиуми откри дека пред да потпише за Фенербахче, за него интерес имало и од Галатасарај и Трабзонспор.
Алиоски за Фенербахче играше во сезоната 2022/23 кога беше позајмен од Ал-Ахли. Сега македонскиот фудбалер открива дека и ривалите на Фенер се интересирале за него.
„Да, имаше нешто со Галатасарај, имаше нешто и со Трабзонспор. Но, не сакав да одам таму. Ме сакаше Фенербахче и се договоривме. Одењето таму беше со многу емоции и беше убаво. Се уште ја следам лигата и Фенербахче“, откри Алиоски за подкаст во Турција.
Алиоски го пофали и фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер со кој настапуваше во Фенербахче.
„Најмногу ми се допаѓа кај Ѓулер неговата почит. Неговата почит за сите фудбалери со кои игра. Арда никогаш не го промени својот карактер“.
Алиоски ова лето потпиша за Лугано каде што се враќа по осум години, во наредната сезона ќе настапува во швајцарското првенство.