Поранешниот судија во Премиер лигата доби суспензија и од УЕФА

by Стефан
1 минути читање

Продолжуваат проблемите за поранешниот судија во Премиер лигата, Дејвид Кут кој сега заработи суспензија и од Премиер лигата до јуни 2026 година.

Со новата суспензија Кут нема право да учествува во било какви судиски активности до јуни 2026 година. На Кут претходно му беше раскинат договорот за судење во Премиер лигата.

Сите проблеми за него започнаа кога во јавноста беше објавено видеото на кое го навредува Ливерпул и поранешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп. Подоцна се појави и видео на кое може да се види како во текот на Европското првенство конзумира кокаин.

Исто така неодамна си направи нови проблеми со признанието дека е хомосексуалец.

Ќе потсетиме, Кут имаше ситуација и со македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски во која беше обвинет дека намерно без причина му покажал жолт картон. Кут се огласи на таа тема и жестоко ги демантираше обвинувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×