Медиумите од „островото“ објавија ново скандалозно видео од судијата Дејвид Кут на кое тој витка долари со кои потоа шмрка прашкаста бела материја, за која се верува дека е кокаин.
Англиската фудбалска јавност оваа недела беше шокирана откако се појави едно видео во кое судијата Дејвид Кут вели дека Јирген Клоп е „пи*ка од човек“ и е многу „надмен и арогантен“, а употреби и навредливи зборови за Ливерпул, за кој вели дека е „срање од тим“.
Фудбалската Асоцијација веднаш реагираше и го суспендираше судијата, кој денеска повторно е во фокусот откако се појави уште едно скандалозно видео.
На новото видео, Дејвид Кут витка долари со кои потоа шмрка прашкаста бела материја, за која се верува дека е кокаин.
Наводно видеото е снимено во хотелска соба која била букирана од УЕФА и било направено по четвртфиналето на Европското првенство и натпреварот помеѓу Шпанија и Германија, дуел на кој Дејвид Кут беше дел од ВАР собата.
EXCLUSIVE: Scandal-hit Premier League ref David Coote snorts white powder in new video. pic.twitter.com/yo8OSyQTKe
— The Sun Football (@TheSunFootball) November 13, 2024