51
Стравуваа навивачите како ќе изгледа тимот по заминувањето на Јирген Клоп, но на Арне Слот на „Енфилд“ му оди одлично.
По 11 кола со Ливерпул Слот е лидер во првенството, но успеа да надмине и рекорди на Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.
Имено, Слот успеа да стане првиот тренер откако Премиер лигата се игра во денешниот формат (1992) кој во своите први 17 натпревари во сите натпреварувања забележал дури 15 победи.
Рекордот досега го држеа Жозе Мурињо и Карло Анчелоти, меѓутоа сега Холанѓанецот ги прекокна. На листата зад Мурињо и Анчелоти со по 13 се: Конте, Сари и Грегори.
Пеп Гвардиола со Манчестер сити во неговите први 17 натпревари забележа само 11 победи, па се наоѓа подолу на листата.