132
Трогателна вест од Босна и Херцеговина, 17-годишниот голман на Рудар од Каменград, Кристијан Клариќ, починал од струен удар.
Според локалните медиуми, младиот фудбалер починал од удар од струја, но деталите ќе бидат соопштени откако полицијата ќе заврши со увидот на лице место.
Од младиот фудбалер се опростија противниците од клубот Подгрмеч Сански Мост.
„Нашите мисли се со семејството на Кристијан и тимот на НК Рудар Каменград. Со голема тага соопштуваме дека на подобар свет замина младиот голман на Рудар од Каменград, Кристијан Клариќ. Кристијан беше дечко за пример и омилен лик во друштвото. Имаше само 17 години“, стои во објавата на клубот Подгрмеч Сански Мост.