Силекс беше одличен во првата третина од сезоната која беше комплетирана во минатото коло. По 11 одиграни натпревари кратовскиот тим е на четвртото место со пет бода помалку од лидерот Шкендија и четири повеќе од Брера која е петта.
Кратовчани ќе влезат како фаворити во денешниот меч против Брегалница која игра во променлива форма оваа сезона и се чини дека ќе води битка за опстанок во лигата.
Останатите пет натпревари од колото се играа утре, сите од терминот од 13 часот.
По победата над Работнички, Вардар ќе се обиде да освои бодови и против Брера која по совршениот старт на сезоната е во сериозен пад. Мечот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Вчера ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија ги спои Работнички и Шкупи, а како увертира за таа средба ќе биде утрешниот меѓусебен дуел на кој домаќините ќе бидат чаирчани.
Лидерот Шкендија е домаќин на Воска, шампионот Струга гостува во Гостивар, а Македонија Ѓорче Петров го пречекува Тиквеш.
12. коло
Сабота 13 часот
Силекс – Брегалница
Недела 13 часот
Вардар – Брера
Шкупи – Работнички
Шкендија – Воска
Гостивар – Струга
Македонија ЃП – Тиквеш
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.