Иако е голман, Алити е еден од најдобрите стрелци на Фортуна. Изминатиот викенд тој постигна пет гола на еден натпревар со шутеви од гол на гол. Детските лиги се играат на двојно помали терени, но погодоците се постигнати на далечина од преку 50 метри што е импресивно за деветгодишно дете.
За две сезини Аријан Алити има дадено преку 50 голови. Неговиот дегажман изнесувал должина од 60 метри, што е неверојатно ако се знае дека рекордот го држи голманот на Манчестер Сити, Едерсон поставен во мај 2018 со 75,35 метри.
Алити има освојувано медали и индивидуални признанија за најдобар голман и на меѓународни тутнири. Тој со своите вонсериски квалитети претставува атракција, но пред се е голема надеж за македонскиот фудбал која треба внимателно да се следи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.