Елмас: Кога играме за Македонија секогаш одиме на победа, така ќе биде и против Ерменија

by
1 минути читање

Утре од 15 часот во Струмица, Македонија ја пречекува Ерменија. Елиф Елмас вели дека целта е да се победи, но и натпреварот да биде подготовка за двата последни квалификациски меча кои ги играме во ноември, дуелите со Италија и Англија.

„Играме еден натпревар со доста добар противник каков што е Ерменија, секогаш кога играме за репрезентацијата одиме на победа. Како и претхдоно, ќе искочиме сите заедно, сплотени, ќе одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме“, вели Елмас на денешната прес-конференција.

„Против Украина загубивме меч во добра игра, но кога играш за репрезентација секој натпревар е важен, па така и утрешниот за нас е важен. Максимално ќе влеземе и овој меч може да послужи за добра подготовка за дуелите со Италија и Англија“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×