Дарко Чурлинов е оптимист во пресрет на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Шкотска и Словенија.
Македонија ги игра последните два дуели од Лигата на нации оваа сезона, во петок ѝ гостуваме на Шкотска, а во понеделник ја пречекуваме Словенија.
Еден од нашите фудбалери кои се во најдобра форма е Дарко Чурлинов.
„Секогаш ми било чест и секогаш ќе давам максимум за дресот на Македонија. Се надеваме на најдоброто. Ќе анализираме и ќе се обидеме на теренот да го покажеме сето она што ќе ни го даде селекторот како задача. Минутажата во клубовите е многу важна, таа енергија се пренесува и тука, многу е добро тоа што сите имаме минутажа и играме за своите клубови и секако дека тоа ќе има позитивно влијание на овие два натпревари. Тие имаат свои ѕвезди, ние ги имаме Елиф Елмас, Столе Димитриевски… Денеска нема екипа која не може да се победи“, вели Чурлинов.