На Манчестер јунајтед ова му се нема случено 50 години, а Керик вели: Воопшто не ме засега!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на „ѓаволите“, Мајкл Керик вели дека не чувствува притисок откако Манчестер јунајтед за прв пат по 50 години загуби натпревар на Олд Трафорд во кој имал водство од 2-0.

Манчестер јунајтед вчера им приреди ново разочарување на навивачите, дома загуби од Брајтон за 2-3 во Лига Купот.

„Ѓаволите“ одлично го отворија натпреварот, поведоа со 2-0 по само десет минути игра, но гостите намалија на 2-1 во финишот на првиот дел, за во продолжението да направат комплетен пресврт и да го шокираат фаворитот.

За Манчестер јунајтед ова беше трет пораз на стартот од новата сезона, Мајкл Керик веќе има повеќе порази отколку што претрпе во цели 17 меча по преземање на тимот од Рубен Аморим во јануари.

Исто така, за прв по 50 години беше загубен натпревар на Олд Трафорд во кој „ѓаволите“ имале водство од 2-0, па почнуваат да кружат гласини за отказ.

„Не чувствувам никаков притисок“ – беше одговорот на Мајкл Керик, кој е доволно долго во Манчестер јунајтед за да знае што може да го снајде. „Во секој случај, тоа воопшто не ме засега!“

„Разбирам како функционираат работите, но искрено, тоа воопшто не ме засега“.

„Единствено што ми е важно е да победуваме, да владее добра атмосфера во клубот и во тимот, и да чувствуваме дека одиме во вистинска насока“.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×