Барсa сака трампа: Де Јонг е понуден на Манчестер Сити во замена за Родри

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ се обидуваат да го ангажираат Родри, а како што пренесува „Ел Насионал“, на маса бил ставен Френки де Јонг како дел од зделката.

Оваа недела се случи голем пресврт кога е во прашање иднината на Родри, фудбалерот од средниот ред реши да го одбие Реал Мадрид и да се пресели во лутиот ривал Барселона.

Па клубот од Камп Ноу отвори преговори со Манчестер Сити и имаше еден неуспешен обид за ангажман на Шпанецот со понуда вредна 45 милиони евра.

„Каталонците“ сега ја бараат добитната формула, а како што пренесува „Ел Насионал“, на маса бил ставен Френки де Јонг како дел од зделката.

Но со оглед на тоа дека Холанѓанецот има сериозна повреда на коленото и најверојатно ќе мора на операција, тешко е за верување дека „граѓаните“ ќе прифатат една ваква трампа.

Во меѓувреме, весникот „Спорт“ пак објави дека ќе биде доставен предлог тежок 60 милиони евра, а доколку биде потребно, сумата може и да биде зголемена бидејќи Барселона сака што побрзо да го комплетира трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×