Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн не се откажува од идејата еден ден да се испроба како кикер во НФЛ.
Хари Кејн би можел да го направи најчудниот трансфер и да се префрли во американскиот фудбал (НФЛ).
Во разговор со медиумите од „островото“ тој призна дека сериозно размислува за можноста еден ден да се испроба како кикер.
„НФЛ е опција за која сакам малку посериозно да размислам. Се ќе зависи од тоа како ќќе се развива мојата кариера во следните пет или шест години, од мојата мотивација и доа што ќе сакам да правам. Да бидеме реални, НФЛ е многу пореална опција за мене отколку голфот“ – вели Хари Кејн.
Напаѓачот на Баерн Минхен гледа одредена сличност помеѓу неговата сегашна работа и позицијата кикер во американскиот фудбал.
„Изведувам пенали, а притисокот и техниката се многу слични. Ако решам да се посветам на тоа, од аспект на тренинзите, тоа би било најблиску до спортот што го знам“.
Сепак, Хари Кејн е свесен дека преминот од еден врвен спорт во друг воопшто нема да биде лесен.
„Како и кај сите елитни спортови, кога ги гледате на телевизија, професионалците прават да изгледа лесно и си мислите дека и вие би можеле да го направите тоа. Но, реалноста не е секогаш таква“.
„Ако навистина се одлучам за таков чекор, ќе го сфатам тоа мноу сериозно, ќе тренирам меѓу шест месеци и една година пред да направам чекор“.
На крајот Хари Кејн нафрли уште полуда идеја, да ја продолжи фудбалската кариера во МЛС, и во исто време да игра во НФЛ.
„Можеби ќе постои можност да ги комбинирам двата спорта, користејќи ги различните распореди на сезоните!“