Македонските надежи поразени во Србија

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби од младинската селекција на Србија со 2-0 во пријателски меч кој се одигра во Нови Сад.

Македонија мечот го отвори со шанса преку Величковски, но не поведовме. Казни Милосављевиќ со гол во 16. минута за водство на Србија од 1-0.

Во 64. минута Македонија се израдува на погодок, но голот на Трајков кој го даде со глава беше поништен поради офсајд.

Десет минути подоцна Србија имаше двојна шанса, но браќата Џекови интервенираа и спасија зголемено водство.

Во 79. минута Трајков повторно се најде во шанса, биеше со глава, но за малку беше непрецизен.

Конечните 2-0 беа поставени во судиското продолжение, Луковиќ реализираше и ја завери победата на Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×