Голманот на Комо го уништил своето Ферари од 350.000 евра – доживеал сообраќајна несреќа!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот голман Роберт Санчез имал вистинска среќа што поминал без повреди по тешката сообраќајна несреќа на легендарната германска патека Нирбургринг. Чуварот на мрежата, кој настапува за Комо како позајмен фудбалер од Челси, доживеал незгода управувајќи со луксузно Ферари 488, чија вредност се проценува на околу 350.000 евра.

Инцидентот се случил во понеделникот, 9 ноември, околу 14:30 часот, за време на организирано возење на познатата патека. Според информациите на британски „Сан“, Санчез се движел со брзина од околу 112 километри на час, кога во свиокот Карачола-Карусел ја загубил контролата над автомобилот и удрил во заштитната ограда.

Од силината на ударот, предниот дел на скапоцениот автомобил бил речиси целосно уништен, а делови од Ферарито завршиле расфрлани по патеката. Поради несреќата, организаторите веднаш го прекинале возењето и го означиле инцидентот со црвени знамиња.

Најважно е што шпанскиот голман поминал без никакви повреди. Тој самостојно излегол од остатоците на автомобилот, а според медиумските информации, дури и помогнал во расчистувањето на деловите од возилото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×