Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го започна патувањето кон Глазгов, каде што утре ја очекува дуелот со Шкотска во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на нации.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски на Островот пристигнуваат со јасна цел – да ја прекинат негативната серија и конечно да стигнат до победа, но и до погодок, откако во претходниот период не успеваат да ги остварат овие две работи.
„Црвено-жолтите“ ќе имаат тешка задача на гостувањето кај Шкотите, но останува да се види дали ќе успеат да прикажат подобро издание и да се вратат со позитивен резултат.
Натпреварот ќе се одигра утре на легендарниот „Хампден Парк“ во Глазгов, со почеток од 20:45 часот.