Фудбалерот на Каљари, Алесандро Романо се очекува оваа недела да дебитира за репрезентацијата на Италија, ваквиот потег ќе го чини околу 100.000 евра.
„Аѕурите“ со Роберто Манчини на селекторското столче отварaаt ново поглавје, а дел од свежата крв во националниот тим е Алесандро Романо.
Фудбалерот на Каљари се очекува да дебитира веќе во петок против Белгија, и да добие место во средниот ред покрај Николо Барела и Сандро Тонали.
Но неговиот настап во дресот на Италија би можел скапо да го чини, односно казна од околу 100.000 евра.
Имено, Алесандро Романо е роден во Винтертур, Швајцарија, каде ја градеше и фудбалската кариера.
За швајцарските младински селекции запиша дури 34 настапи, а во еден период ја носеше и капитенската лента. Неговиот потенцијал беше попознат од мали нозе, па беше вклучен во елитната програма за развој на најголемите млади таленти, која обезбедува специјализирани тренинзи, личен тренер и планирање на кариерата.
Од Фудбалската федерација на Швајцарија велат дека за секој фудбалер во програмата инвестираат околу 25.000 франци годишно.
Бидејќи Алесандро Романо сега реши да го носи дресот на Италија, ФФШ планира да ги активира договорните обврски и да побара да бидат надоместени средствата вложени во неговиот развој.
Сумата би можела да достигне околу 100.000 франци, односно исто толку евра.