Џеков: Швајцарија е силна репрезентација, четвртфиналист од Светското првенство!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот в сабота против Швајцарија во Скопје кој ќе биде прв од новото издание во Лигата на Нации.

Пред овој дуел сега зборуваше и еден од дебитантите во сениорскиот состав, Ѓорѓе Џеков кој дебито го очекува со голема мотивација.

„Чест и задоволство ми е што првпат сум дел од нашата А репрезентација. Знаеме со каков противник ќе се соочиме во сабота. Швајцарија е одлична репрезентација, четвртфиналист на Светското првенство, со многу квалитетни играчи“, вели Џеков.

Свесен е дека Швајцарија е силна репрезентација и дека Македонија ја чека тежок натпревар, сепак верува дека со дисциплинирана игра можеме до позитивен резултат.

„На нас е да ги исполниме очекувањата на стручниот штаб и да го дадеме максимумот на теренот. Според мене, клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта, за да оствариме позитивен резултат против Швајцарија, но и против останатите селекции“, истакнува Џеков.

По дуелот во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски ги очекуваат уште три натпревари во краток временски период, гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот дуел со Шкотска на 3 октомври и вториот натпревар против Швајцарија, на 6 октомври во Луцерн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×