Маркус Рашфорд дефинитивно се прости со Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Маркус Рашфорд и официјално се прости од Барселона, откако му истече едногодишната позајмица и нема да го носи дресот на каталонскиот гигант во новата сезона.

Англискиот напаѓач пристигна од Манчестер Јунајтед минатото лето, а по една сезона помината на „Камп Ноу“ испрати емотивна порака до клубот и навивачите.

Неизмерно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој во Барселона толку позитивно и незаборавно искуство. Го ценев секој момент поминат тука и сигурно засекогаш ќе ги носам тие спомени со себе. Им благодарам на сите во клубот, како и на навивачите, и им посакувам многу среќа и успеси во новата сезона“, порача Рашфорд.

Во текот на сезоната англискиот репрезентативец одигра 49 натпревари за Барселона, на кои постигна 14 голови и запиша неколку значајни настапи во освојувањето на домашните трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×