85
Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Реал Мадрид ќе мора да продаде некоја своја ѕвезда за да купи играч од средниот ред по мерка на Жозе Мурињо.
Прв пик на Жозе Мурињо за играч од средниот ред е Енцо Фернандез кој чини околу 130 милиони евра. А и другите опции не се евтини.
Реал Мадрид веќе троши на трансфер пазарот, а „АС“ потенцира дека клубот мора да почне и да продава за да си дозволи уште засилувања.
Се верува дека некој од Чуамени, Камавинга и Валверде ќе биде продаден.