Манчестер Сити и Нотингем Форест синоќа си подале рака за трансфер на Елиот Андерсон во зделка вредна околу 116 милиони фунти, околу 135 милиони евра.
По долги преговори, падна договор помеѓу Манчестер Сити и Нотингем Форест за трансфер на Елиот Андерсон.
„Шумарите“ одбија две понуди, но голем број извори вчера во доцните вечерни часови објавија дека била подадена рака за зделка вредна 116 милиони фунти, (одредени извори велеа дека сумата може да се искачи и до 130 милиони фунти сосе бонуси).
Елиот Андерсон можеби нема да стане најскапиот трансфер на „островото (рекордот е 125 милиони фунти за Александер Исак), но затоа ќе стане рекордно засилување на Манчестер Сити, како и најскапиот Британски фудбалер.
Тој ќе собори и еден друг рекорд, односно ќе биде најскап трансфер во историјата, кога се во прашање централните играчи од средниот ред.
Со 135 милиони евра (ѓ116 милиони фунти) тој е поскап од играчи како Енцо Фернандез (121 милион евра), Деклан Рајс (117 милиони евра), Моисес Каиседо (116 милиони евра) и Пол Погба (105 милиони евра).
Потоа следуваат Френки Де Јонг (86 милиони евра), Артур (81 милион евра), Орелиан Чуамени (80 милиони евра), Зинедин Зидан (78 милиони евра), Касемиро (71 милион евра).