Новиот тренер на „кралевите“, Жозе Мурињо вели дека сака фудбалерите на Реал да бидат елиминирани на Светското првенство, за да заминат на одмор и што поскоро да му се стават на располагање.
Жозе Мурињо го имаше и второто интервју откако беше именуван за нов тренер на Реал Мадрид, „специјалниот“ седна на разговор со поранешниот фудбалер Адебајо Акинфенва
Стратегот говореше на неколку теми, а запрашан какви му се желбите за Светското првенство, тој рече: „Сакаш да бидам целосно искрен? Сакам фудбалерите на Реал Мадрид да бидат елиминирани и да заминат на одмор!. Бидејќи сакам што поскоро да ги имам на располагање на подготовките“.
Околу гласините дека подготвува голема чистка на „Бернабеу“, тој вели: „Прочитав дека ќе се ослободам од некои од најдобрите играчи поради наводните проблеми во соблекувалната. Тоа не е точно. Ги сакам тие играчи, ги сакам најдобрите“.
Сепак, тој не откри на кого конкретно мисли, дали на Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе, Џуд Белингем или на Федерико Валверде и Орелиен Чуамени.
„Мојата задача е да изградам тим и да спречам да се повторат проблемите за кои читав дека постоеле во претходните сезони“.