Иранците оставија моќна порака во соблекувалната во САД: Од древна Персија… (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Иран испратија емотивна порака од Лос Анџелес по ремито без голови против Белгија на Светското првенство.

По завршувањето на натпреварот, иранската делегација оставила писмо во соблекувалната во кое се зборува за идентитетот, достоинството и заедништвото.

Од древна Персија пред повеќе илјади години до современиот Иран денес, духот на Иран остана жив и непоколеблив. Дојдовме во Лос Анџелес со гордост, се натпреварувавме чесно и заминуваме достоинствено. Благодарност до Лос Анџелес за гостопримството. И благодарност до секој Иранец кој во овие 180 минути фудбал ги даде своето срце, својот глас и својата душа за Иран. Нека меѓу сите народи владеат мир, почит и пријателство“, стои во пораката.

Поради специфичните правила за престој во Соединетите Американски Држави, иранската репрезентација за време на Светското првенство не смее подолго да се задржува на американска територија и по натпреварите се враќа во својата база во Мексико.

Иран досега освои два бода на шампионатот, а во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Египет во Сиетл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×