Тунижанец распали по федерацијата: Не се менува селектор среде СП, па видете ги Јапонците…

by 24 фудбал
1 минути читање

Елиминацијата на Тунис од Светското првенство уште по второто коло донесе големо разочарување во таборот на африканската селекција, а најемотивен по натпреварот беше искусниот дефанзивец Али Абди.

Со солзи во очите, фудбалерот жестоко го критикуваше раководството на федерацијата и начинот на кој била подготвувана репрезентацијата за мундијалскиот настап.

Погледнете ја Јапонија. Речиси со ист состав играат со години. Тоа е тим што се гради со континуитет. А што правиме ние? Носиме нов селектор еден месец пред Светското првенство и се обидуваме да создадеме целосно нов тим. Нема шанси таков пристап да донесе резултат“, изјави Абди.

Тунискиот репрезентативец смета дека најголемиот проблем е честото менување на насоката по секој неуспех, наместо долгорочно да се работи на развојот на националниот тим.

Кај нас постои навика веднаш по лошите резултати сè да се урне и да се почне од почеток. Така не се создава конкурентна репрезентација. Жал ми е за сегашниот стручен штаб, но за да се изгради тим е потребно време. Еден, два или три месеци не се доволни. Не можете да урнете сè непосредно пред големо натпреварување и да очекувате успех“, порача дефанзивецот.

Абди потенцираше дека неговите зборови не се критика кон актуелниот стручен штаб, туку кон системот на работа во федерацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×