Белгија не успеа да го победи ни Иран – меч без голови!

by riste
1 минути читање

По ремито со Египет во првото коло на Светското првенство, Белгија ниту денеска не дојде до триумф, одигра само 0-0 против Иран за кој исто така ова е втор нерешен резултат на Мундијалот.

Белгија играше офанзивно, Иран се бранеше и беше опасен по контра напади, така беше во најголемиот дел од мечот.

Иранците во 25. минута се израдуваа на погодок, но голот кој го даде Тареми беше поништен поради офсајд.

Голманот на Иран, Беиранванд имаше неколку чудесни интервенции, но и Куртоа имаше ситуации во кои мораше да го извади најдоброто од себе за да го одбрани својот гол.

Во 66. минута Белгија остана со фудбалер помалку откако Нгој заработи директен црвен картон. Тој најпрво ја загуби топката, а потоа направи фаул како последен играч во одбраната и беше исклучен.

По овој момент, Иран почна да делува поофанзивно и да се обиде да ја искористи бројчаната надмоќ, но не успеаа во тоа. Натпреварот заврши без голови, 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×