Шпанија го покажа вистинското лице, лесно ја победи Саудиска Арабија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

По киксот во првото коло против Зеленортските Острови, Шпанија денеска заигра многу подобро и без проблеми ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со убедливи 4-0.

Прашањето за победникот беше решено по само половина час игра на мечот.

Резултатот беше отворен во десетата минута кога по асистенција од Ојарзабал, Ламин Јамал постигна гол за водство на Шпанија од 1-0.

Следуваше шоу на Ојарзабал, постигна голови во 21. и 24. минута за предност од 3-0.

Откако дадоа три гола, Шпанците ја тргнаа ногата од педалата за гас и рутински го доиграа мечот.

Беше постигнат уште еден гол, во 49. минута Тамбакти си постигна автогол за конечни 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×