Јан Пол ван Хеке ова лето го направи трансферот на кариерата и за 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра) се пресели од Брајтон во Тотнем, па размислува од сопствен џеб да одвои пари за клубот од родниот град, каде ги имал фудбалските почетоци.
Роберто Де Зерби го идентификуваше Јан пол ван Хеке како приоритет за засилување на одбраната ова лето, па Тотнем силно притисна и го ангажираше Холанѓанецот во зделка вредна околу 52 милиони фунти, или околу 60 милиони евра.
Покрај тоа што Брајтон убаво се опари, од трансферот ќе се офајдат и клубовите кои дале допринос во развојот.
НАЦ Бреда, клубот кој го продаде Ван Хеке на Брајтон, има и клаузула според која му следува процент, па ќе инкасира околу 4,5 милиони евра.
Аматерските клубови, ВВ Гоес и ЈВОЗ ќе добијат 300.000 евра, односно 1,2 милиони евра.
Пари ќе нема само за ВВ Арнемајден, клубот од родниот град на Ван Хеке, местото каде тој ги имал фудбалските почетоци. Но затоа фудбалерот порача дека од сопствен џеб ќе одвои одредена сума.
„Одлични вести за двата клуба, мислам дека поминав шест години во ЈВОЗ, сега ќе си добијат убава сума. Играв и за ВВ Гоес како аматер и сметам дека и тие целосно го заслужуваат овој надомест“ – вели Ван Хеке од кампот на Холандија на Светското првенство.
„Жал ми е само а Арнемајден, местото од каде потекнувам. Клубот не ги исполнува условите и нема да добие ништо. Сепак, другите клубови ќе бидат пресреќни и го заслужуваат тоа“.
Тој потоа додаде: „Размислувам да донирам нешто за Арнемајден, но со вакви работи секогаш треба да се биде внимателен што се зборува јавно“.