Кралскиот клуб објави соопштение во кое негира контакт со Мајкл Олисе и го истакнува добриот однос со Баерн Минхен кој не сакаат да биде нарушен.
Во изминатиот период гласни беа шпекулациите кои го поврзуваат Олисе со Реал Мадрид, но шпанскиот гигант негира дека е така.
„Како одговор на пишувањата во разни медиуми во врска со наводен интерес од нашиот клуб за играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, Реал Мадрид сака да изјави дека немал никаков директен или индиректен контакт со гореспоменатиот играч, неговите претставници или некој во неговата околина.
Реал Мадрид, исто така, сака да го истакне одличниот институционален однос што го одржува со Баерн Минхен, со кого дели долга историја на меѓусебно почитување, соработка и восхит, и жали за ширењето на шпекулации што не одговараат на реалноста.
Двата клуба отсекогаш одржувале однос заснован на доверба и меѓусебно почитување, што се рефлектира, меѓу другите аспекти, во заедничкото убедување дека секој потенцијален интерес за играч што му припаѓа на другиот клуб мора прво да се реши меѓу самите субјекти, во согласност со принципите на институционална лојалност што историски ги регулирале односите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид“, стои во соопштението на Реал Мадрид.