Зошто Атлетико реваншот го игра дома иако имаше полош пласман од Барселона?

by bojan
1 минути читање

Атлетико Мадрид вториот натпревар против Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе го игра на домашен терен и ќе има предност и покрај тоа што имаше полош пласман во лигашкиот дел.

Барселона против Атлетико Мадрид е една од трите големи пресметки во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“, на 8. април, додека пак реваншот е една недела подоцна на „Метрополитано“ во Мадрид.

Атлетико лигашкиот дел го финишираше на позицијата број 14, Барселона заврши како петта, па многумина се чудат зошто популарните „колчонероси“ сега имаат предност и реваншот ќе го играат на домашен терен.

Причина за ова е тоа што Атлетико ја „украде“ оваа позиција од Тотнем откако ги елиминираше „спарси“ во осминафиналето.

Клубот од Северен Лондон во лигашкиот дел финишираше како четврти, и Атлетико Мадрид сега ја наследи неговата позиција во нок-аут фазата.

ФОТО: X/Atlético de Madrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

×