Енди Керол открива: Бев сексуално нападнат во сопствениот дом од позната личност!

by bojan
2 минути читање

Поранешниот напаѓач на Њукасл и Ливерпул, Енди Керол открива дека бил сексуално нападнат, инцидентот се случил во неговиот сопствен дом, а напаѓачот е позната личност.

Енди Керол стана најскапиот британски фудбалер кога Ливерпул во јануари 2011 година плати 35 милиони фунти за негов ангажман.

Но трансферот се покажа како големо промашување, Англичанецот никогаш не ги оправда очекувањата и неговата кариера тргна во надолна линија.

Тој сега се најде во фокусот на јавноста откако откри дека бил жртва на сексуален напад од маж кој подоцна завршил зад решетки.

Во својата автобиографија, поранешниот голгетер на Ливерпул и Њукасл ги објасни деталите, немилиот настан се случил во неговиот дом во 2021 година, само неколку часа по еден натпревар за Њукасл, а напаѓачот бил позната личност, пријател на неговата поранешна сопруга. Тој самиот побарал да дојде кај нив за да гледаат бокс меч, но фудбалерот набрзо почнал да се чувствува непријатно во негово друштво.

Ендри Керол пишува дека по „неколку пијалаци“ заминал на спиење со сомнеж: „Дали ми стави нешто во пијалакот?“. Подоцна се разбудил и сфатил дека човекот се обидува да изврши орален секс врз него, по што веднаш го исфрлил од куќата.

Кога напаѓачот се обидел повторно да влезе, Керол го нокаутирал, а потоа повикал полиција и се срушил во солзи.

Напаѓачот, чиј идентитет не се открива, бил прогласен за виновен за сексуални престапи и заведен во регистарот на сексуални престапници. Керол лично сведочел на судењето, опишувајќи го тој процес како „понижувачки, срамен и апсолутно мачен“.

„Мислев на тоа секој божји ден и ми беше речиси невозможно да се фокусирам на било што друго, па дури и на фудбалот“, напиша Керол. „Траумата од тоа што ми се случи едноставно не исчезнува.“

Тој исто така открива дека решил да ја вклучи оваа трагична епизода во книгата во „последен момент“, по советот и поддршката од својата девојка Лу Тисдејл.

„Бев сексуално нападнат, ете, конечно изговорив. Страшно е да се зборува за ова, но тоа ме изгради како личност исто колку и сите убави моменти во животот. Ако со мојата исповед помогнам барем на еден човек, тогаш целиот овој чекор имаше смисла“.

ФОТО: X/Newcastle United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×