Навивачите на ПАОК синоќа организираа емотивно и достоинствено простување со седумтемина свои пријатели кои го загубија животот во тешката сообраќајна трагедија во Романија. Со гласни скандирања, запалени факели и знамиња спуштени на половина копје, илјадници луѓе се собраа околу стадионот „Тумба“ за да им оддадат последна почит.
Несреќата се случи во вторникот во близина на Темишвар, кога минибус со навивачи на ПАОК, кои патувале кон Франција на натпревар од Лигата на Европа против Лион, директно се судрил со камион. Во трагедијата загинаа седум лица, додека уште тројца беа тешко повредени.
По појавата на вознемирувачките снимки што брзо се проширија низ Европа, останатите навивачи донеле одлука да го прекинат патувањето и да се вратат во Солун. Неколку часа пред почетокот на натпреварот, илјадници симпатизери се собраа кај стадионот на ПАОК за заедничко збогување и израз на тага за изгубените животи.
«Αδέρφια ζείτε εσείς μας οδηγείτε» φωνάζουν οιφίλαθλοι του ΠΑΟΚ που έχουν κατακλύσει τις οδούς γύρω από το γήπεδο της Τούμπας – Συγκινητικές στιγμές στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/ETedUjPnwI
— SPORT24 (@sport24) January 29, 2026