Еден од најдобрите десни бекови во светот, фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими ќе отсуствува околу два месеца од терените поради тешка повреда што ја заработи во натпреварот од Лигата на шампионите.
Баерн славеше во Париз против актуелниот европски шампион со резултат 2:1, а двата гола за баварскиот гигант ги постигна Луис Дијаз.
Токму Дијаз во судиското продолжение направи брутален старт врз Хакими (TУКА), по што Мароканецот мораше да ја напушти играта, а напаѓачот на Баерн доби директен црвен картон.
По направените лекарски прегледи било утврдено дека Хакими има сериоза повредна зглобот со оштетени лигаменти. Сепак, иако првично се стравуваше од некаква скршеница што ќе значеше негова подолга пауза, за среќа на ПСЖ и Хакими тоа не е случај.